Отворен ден

УКИМ ги отвори вратите за средношколците

19.08.2022 12:55

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“. Можност матурантите да се запознаат со професорите, да прашаат за програмите, за можностите за стипендирање, за вклученост во научноистражувачките проекти, за студентскиот живот…

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ги отвори вратите за средношколците. Слушнаа за можностите за студирање и студиските програми. Се запознаа со идните професори, но и со условите на најстариот скопски универзитет. Дел од нив веќе се одлучија на кој факултет ќе студираат, други се двоумат која ќе биде нивна идна професија.

Оваа генерација средношколци што ќе се одлучат за Економскиот факултет ќе учат по нови најсовремени студиски програми креирани по теркот на најпрестижните образовни институции вели продеканот Ефтимов. На факултетот има 700 слободни места.

Голем интерес и за студирање на општествено хуманистичките науки. На филолошкиот факултет засега најбарана струка е психологијата, но деканот Ратко Дуев очекува дека со новите трендови се поголем ќе биде интересот и за историјата и археологијата.

По две години ковид пандемија од 1-ви октомври наставата ќе биде со физичко присуство.

Оваа студиска година на универзитетот има 10.918 слободни места. Најмногу студенти ќе прими Природно-математичкиот факултет уписите се закажани на 30-ти и 31-ви август.

Викторија Милевска