Македонија во портокалова фаза
Препораките од лекарите остануваат исти како и досега. Велат дека поголем проблем се наглите промени на температурите отколку самиот топлотен бран, со кој се соочуваме секое лето. Не треба да се изостави и ковидот кој дополнително ја отежнува ситуацијата и кој сè уште се шири, без разлика на временските услови.

И во втората половина од август, Македонија во портокалова фаза. Топлотниот бран продолжува со температури и над 40 степени. Граѓаните бараат разни начини за да се разладат, оние што имаат обврски, велат дека ги почитуваат препораките од лекарите и излегуваат само кога е неопходно.
Препораките од лекарите остануваат исти како и досега. Велат дека поголем проблем се наглите промени на температурите отколку самиот топлотен бран, со кој се соочуваме секое лето. Не треба да се изостави и ковидот кој дополнително ја отежнува ситуацијата и кој сè уште се шири, без разлика на временските услови.
Надлежните апелираат особено да се внимава и да не се излегува надвор без потреба меѓу 11 и 17 часот. Подолго време изложеност на топлина може да предизвика исцрпеност и топлотен удар, што дополнително ја влошува здравствената состојба на лицата кои веќе имаат некоја хронична болест.
Сепак од УХМР добра вест-заладување веќе викендов. Температурата ќе падне за неколку степени, а ќе има и дожд.
Александра Спировска
