Охридскиот маратон сепак ќе се одржи
Наградниот фонд од десет илјади евра ќе биде покриен од Агенцијата за млади и спорт, а другите трошоци од два милиони денари за одржување на маратонот ќе ги покрие општината, за што одлука ќе донесе советот на општина Охрид.

Шеесеттото издание на Охридскиот маратон сепак ќе се одржи. Охридскиот маратон не е само спортска манифестација, тој е многу повеќе од тоа. Тоа е сентиментално чувство вкоренето во секој охриѓанец. Водени од помислата дека оваа спортска манифестација опстојала шест децении и во неа труд вложиле плејада охриѓани, ги надминавме препреките. Ова беше речено на средбата на претставници на општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт.
Наградниот фонд од десет илјади евра ќе биде покриен од Агенцијата за млади и спорт, а другите трошоци од два милиони денари за одржување на маратонот ќе ги покрие општината, за што одлука ќе донесе советот на општина Охрид.
На пливачкиот маратон учество досега потврдија дваесетина пливачи од земјава и странство, но нивниот број може да се зголеми.
Поддршка за маратонот, по објавувањето на веста дека тој нема да се одржи, понудиле поголем број стопанственици од Охрид и од целата држава, што покажува дека иднината на Охридскиот маратон е светла.
Сашо Нелоски
