Македонија

Пожар во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип

19.08.2022 18:42

Претпладнево избувна пожар во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Интервенираше противпожарната единица и пожарот е целосно изгаснат. Со телесни повреди се двајца вработени кои се хоспитализирани во болницата во Штип. Материјалната штета не е позната...

Претпладнево околу 10 часот изби пожар во фабрика во Индустриската зона во Штип.

Според информации од Клиничката болница, двајца вработени се со телесни повреди, хоспитализирани се и се надвор од животна опасност. Навремената интервенција на противпожарната единица спречи поголема катастрофа

Во моментов не се знае колкава е материјалната штета, а дополнително се работи и на утврдување на причината на пожарот во индустриската зона во Штип.

Славица Величковска