Свет
Штрајк на вработените во лондонското метро
19.08.2022 18:55
Националниот штрајк на железничарите резултираше со откажување на околу 80 насто од патничките возови. Слична акција на железницата е закажана за утре...

Штрајк на лондонскиот подземен транзитен систем, вработените се незадоволни од платите.
Националниот штрајк на железничарите резултираше со откажување на околу 80 насто од патничките возови. Слична акција на железницата е закажана за утре. Сето ова е дел од летната кампања според која работниците од приватниот и јавниот сектор бараат зголемување на платите поради зголемените цени на храната и енергијата.
Поштенските работници, адвокатите, телекомуникациските работници и пристанишните работници најавија штрајк за кон крајот на месец.
