Шведска
Вооружен напад во трговски центар во Малме, две лица повредени
19.08.2022 21:21
Две лица се повредени во вооружен напад во Шведска што се случил во трговски центар во градот Малме, а еден осомничен е уапсен, соопшти шведската полиција...

Две лица се повредени во оружен напад во Шведска што се случил во трговски центар во градот Малме, а еден осомничен е уапсен, соопшти шведската полиција.
Според очевидци во трговскиот центар се слушнале истрели.
„Во моментов се смета дека инцидентот е поврзан со криминал, но претставува непосредна опасност за јавноста“, соопшти полицијата.
На местото на инцидентот има голем број вооружени полицајци.
