Путин ќе дозволи посета на Запорожје
Рускиот лидер Путин изјави дека претставниците на ОН ќе добијат дозвола да го посетат и проверат нуклеарниот комплекс Запорожје. Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа министерски совет./ Советот првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања...

Рускиот лидер Путин изјави дека претставниците на ОН ќе добијат дозвола да го посетат и проверат нуклеарниот комплекс Запорожје. Фабриката е под руска окупација од почетокот на март, но украинските техничари сè уште работат со неа под руска управа.
Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа министерски совет, соопшти шефот на окупациската воено-цивилна администрација во североисточниот украински регион Виталиј Ганчев. Советот првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања. Русија контролира околу 30 отсто од североисточниот украински регион. Претседателот Зеленски пак му се заблагодари на американскиот колега Бајден за најновиот пакет воена помош од 775 милиони долари.
За време на посетата на Одеса, генералниот секретар на ОН, Гутереш, рече дека има уште многу да се направи за да се осигури дека украинското жито, храната и ѓубривата произведени во Русија, можат да стигнат до светските пазари. Го пофали договорот меѓу Украина и Русија кој ги отвори украинските пристаништа на црното море и им овозможи на првите пратки украинско жито да ја напуштат земјата.
