Временска прогноза
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи
20.08.2022 10:36
Од денес до средината на следната седмица, подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран...

Од денес до средината на следната седмица, подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Денеска, променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи од дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
