Избори за советници во Тетово, во Маврово-Ростуше и Центар Жупа за градоначалници
За градоначалничката фотелја во Маврово-Ростуше претендираат двајца кандидати, а во Центар Жупа само еден. Ова ќе биде трет обид откако во претходните два не се исполни потребниот цензус. За помалку од една година пак, тетовци вторпат гласаат за составот на Општинскиот совет...

Од 7 часот изутринава отворени гласачките места во Тетово, каде се избираат општински советници, а во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, градоначалник. Во трите општини со право на глас се 101.174 избирачи, а се гласа на 172 избирачки места.
За градоначалничката фотелја во Маврово-Ростуше претендираат двајца кандидати, а во Центар Жупа само еден. Ова ќе биде трет обид откако во претходните два не се исполни потребниот цензус. За помалку од една година пак, тетовци вторпат гласаат за составот на Општинскиот совет.
Во трка се 13 советнички листи, од кои две се независни. Претходниот совет беше распуштен поради неизгласана завршна сметка на буџетот.
Гласачките места се затвораат во 19 часот.
