Локални избори

ДИК: До 9 часот на гласање излегле 549 гласачи, гласањето тече непречено

20.08.2022 11:31

Државната изборна комисија ги објави податоците за излезноста на гласачите на локалните избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше до 9 часот. Сите избирачки места, утрово беа отворени навреме и изборниот процес до сега тече непречено...

Државната изборна комисија ги објави податоците за излезноста на гласачите на локалните избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше до 9 часот.

На избирачките места, до 9 часот на гласање излегле 549 гласачи, што е 5,52% од вкупно запишаните во избирачкиот список. Сите, 39. избирачки места утрово беа отворени навреме и изборниот процес до сега тече непречено.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми.

„До ДИК се пристигнати пет приговори за заштита на избирачко право, четири се од општина Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени“, вели Гугутчевска.

Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи.