Околу 60 % од деца во охридско - струшкиот регион имаат деформитети на ’рбетниот столб
Поразителни бројки, околу 60% од децата во охридско струшкиот регион имаат деформитети на ’рбетниот столб или обезност. Главна причина е недоволна физичка активност. Пандемијата и онлајн наставата дополнително ги продлабочија овие здравствени последици...

Околу 60% од децата во охридско-струшкиот регион имаат некакви деформитети на ’рбетниот столб. Дополнително голем дел од младите денес се соочуваат и со обезност.
Главна причина е недоволна физичка активност. Наместо на игралишта и во паркови, децата се на телефони и компјутери. Пандемијата и онлајн наставата дополнително придонесоа за вакви здравствени последици.
„Околу 60% од децата имаат некаков деформитет на ’рбетниот столб можете да замислите после две години пандемија. Не сум информиран дека е направена нова студија, но претпоставувам дека тој процент е уште поголем и попоразителен. Претпоставувам дека се во голема мера покачени тие дефаворизирачки параметри на деформитети и обезност, вели професорот по спорт Коста Хиохи.
За разлика од минатото денес за спорт потребни се и пари, членарини за клубови и опрема, според спортистите неопходна е национална стратегија за спорт и мотивирање на младите.
„Во секој случај тоа е резултат по мое мислење, немање на соодветна национална стратегија за тука влегува освен спортот од висока перформанса – спорт за натпреварување и спорт за сите да се инволвираат и децата од претшколска возраст дури и возрасните“, додава Хиохи.
Како последица на „седечки“ начин на живот се јавува недоволна развиеност на мускулите, а младите коски трпат промени кои доведуваат до деформитети на стапалата и ’рбетниот столб.
Соња Рилковска
