Македонија

Свечено отворено 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“

20.08.2022 19:27

На синоќешното отворање на 43-тотѕо издание на ИФФК „Браќа Манаки“ присуствуваа значајни личности од светскиот филмски свет. Звезда на фестивалот и вечерта добитникот на Златната камера 300-ста за животно дело истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Официјалната програма беше отворена со францускиот филм „Мајка и син“ во режија на Леонар Сераије и директорката на фотографија Елен Лувар...

Од синоќа па се до 26-ти месецов Битола ќе биде еден од главните центри на светската филмска мапа. На отворањето на 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ присуствуваа познати ликови и имиња од филмската индустрија. Сепак, ѕвезда на фестивалот е истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментал, на кого му беше врачена и најпрестижната награда „Златна камера 300“ за животно дело. Директор на фотографија кој важи за пионер на дигиталната кинематографија. Човекот, кој со своите филмови ја создава современата историја на филмот, искажа голема благодаарност за ова признание.

„Јас овде нема да запрам, нема да се откажам иако оваа престижна награда ја добивам во предвечерието на кариерата, но далеку ми е крајот. На сите млади кој сакаат да стојат на ова место би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата“, рече Ентони Дод Ментл, добитник на наградата „Златна камера“ за животно дело.

По доделувањето и на другите награди следуваше проекцијата на филмот „Мајка и син“ на кинематограферката Елен Лувар. Дека понежниот пол на директорки на фотографија годинава преовладува со филмовите во официјалната и документарна програма потврдува и денешниот долгометражен филм „Божјата рака“, снимен од Дарија Д Антонио, во режија на Пауло Сорентино.

„Предизвикот се базира не само на неговата приказна за градот, туку и за начинот на кој растел и болката што ја чувствувал“, рече Дарија Д Антонио, директор на фотографија на филмот „Божјата рака“.

Инаку, на овогодишното издание ќе бидат прикажани 62 филмски остварувања од најразлични жанрови, во салите на Центарот за култура, киното Манаки и летната бавча на Офицерскиот дом.

Стевче Митревски