Во Центар Жупа обезбеден цензус, избран е градоначалник
Сите деструктивни сили кои работеа против општина Центар Жупа, кои работеа да не успеат изборите се соочија со пораз, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Центар Жупа...

Избраниот градоначалник, Аријан Ибрам, предложен од Турската демократска партија, беше единствен кандидат, кому ова му е трет мандат. Првпат беше избран на изборите во 2013 а реизбран во 2017 година.
Услов за успех на денешните избори во Центар Жупа беше одѕив на гласачите од една третина. Во единстениот избрачки список беа запишани 7.154 лица со право на глас, а до 18:30 часот гласаа 3312 или 46,3 отсто. Потребниот цензус беше 2853 гласачи.
Роден 1972 година, основно образование завршил во Центар Жупа, средно медицинско училиште во Тетово. Дипломирал на економскиот факултет на државниот универзитетот во Афјон, Република Турција а магистрирал на универзитетот во Истамбул, насока меѓународно право. Како наставник во родната Жупа, работел две години, а по неколку години работа во Италија се враќа и активно почнува да се занимава со политика.
На редовните локални избори на 17 октовмри минатата, но и на повторените на 17 април годинава, кога имаше еден противкандидат, Ибраим освои околу 80 отсто од гасовите, но не беше обезбеден цензус, поради што и се повторија изборите.
На редовните локални избори на 17-ти октомври минатата година беше избран 11-члениот совет на општината, во кој пет обезбеди Турската демократска партија, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.
