Прва радост за Македонија Ѓорче Петров, трет пораз за прилепчани
Првиот успех сезонава „лавовите“ го обезбедија со головите на Емини, кој погоди двапати пред заминувањето на печалба во Данска, а по еднаш реализираа Стојкоски и Мена. Мазари беше прецизен за прилепчани, но не успеа да го спречи третиот пораз...

Освојувачот на купот ја потврди фаворитската улога против новиот прволигаш во домашниот фудбал. Македонија Ѓорче Петров – Победа 4:1 во воведот на третото коло. Првиот успех сезонава „лавовите“ го обезбедија со головите на Емини, кој погоди двапати пред заминувањето на печалба во Данска, а по еднаш реализираа Стојкоски и Мена. Мазари беше прецизен за прилепчани, но не успеа да го спречи третиот пораз.
Утре Тиквеш ќе игра со Брегалница пред камерите на МРТ, Силекс ќе го пречека Скопје, Академија Пандев ќе ги одмери силите со Шкендија, а Работнички ќе оди кај Струга Трим Лум. Слободна е екипата на Шкупи.
Од денеска фудбалската понуда е побогата за Втората лига, од годинава единствена. Фаворитите победија во првото коло и тоа на гостински терен, Пелистер кај Кожув со 4:2, Вардар кај Арсими со 1:0. На другите натпревари: Охрид – Тетекс 2:1, Детонит Плачковица – Беласица 2:0, Караорман – Воска 0:2, Локомотива Пехчево – Гостивар 2:3, Саса – Беса 1:2. Борец и Слога Виница е играат в среда.
