Селтик размислува за Атанасов, Евертон за Елмас
Бојан Миовски одлично ја почна кариерата во Абердин и го сврте вниманието за македонски фудбал на северот на островот којшто е колепка на фудбалот. Можеби тоа ќе значи отворена врата за ангажман на други наши интернационалци. Елиф Елмас е веќе докажан, па со истекот на преодниот рок, не е отфрлена можноста Наполи да добива уште поконкретни понуди за него...

Бојан Миовски одлично ја почна кариерата во Абердин и го сврте вниманието за македонски фудбал на северот на островот којшто е колепка на фудбалот. Можеби тоа ќе значи отворена врата за ангажман на други наши интернационалци. Елиф Елмас е веќе докажан, па со истекот на преодниот рок, не е отфрлена можноста Наполи да добива уште поконкретни понуди за него.
Формата на некои од македонските репрезентативци е основа за оптимизам пред септемврискиот репрезентативен термин. Столе Димитриевски повторно ја зачува мрежата на Рајо, овој пат за победа со 2-0 на гости кај Еспањол во шпанскиот шампионат.
Претходно, македонскиот голман се одбрани и од Барселона, што значи дека ќе остане во сеќавањата на Каталонците како тврд орев на почетокот на сезоната, во којашто Миовски го одигра петтиот натпревар за Абердин. Нашиот напаѓач беше на теренот на Сент Џонстон 87 минути, најдолго откако дојде во Шкотска, а вторпат не успеа да се запише во листата на стрелците, но придонесе неговиот тим да се радува на гостинска победа со 1-0. Токму впечатокот на Миовски можеби е препорака за Селтик да размислува за Јани Атанасов. Фудбалерот на Хајдук даде страшен гол во дербито со Динамо Загреб, редовно е на списокот на селекторот Милевски, па поранешниот европски првак покажа интерес за неговиот потпис.
Околу Елиф Елмас стандардно се крева прашина, овој пат наводно е во плановите на Евертон, но Наполи сака да го задржи, тоа е сигурно, така што предвид ќе бидат земени само сериозни понуди, како што објаснија надлежните во италијанскиот клуб.
