МЗТ рутинирано во Струмица, Работнички ја скрши Лирија
Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром и натаму останува единствениот непоразен тим во суперлигашката фаза од домашниот кошаркарски шампионат, откако славеше и на гости кај Струмица со 96-72.

Четири победи од четири меча е билансот на МЗТ досега, додека струмичани останаа со четири нули од исто толку средби. Чековски постигна 12, Цветковиќ додате 18, Стојановски 11, а Синовец 10 поени за екипата од Скопје, додека Арсиќ со 24 и Кук со 15 коша беа единствените двајца играчи со двоцифрен ефект во редовите на Струмичани.
Во салата „Градски парк“ во Скопје, Работнички ја совлада Лирија со 84-77 во пресметката меѓу ривалите од главниот град, во којашто нашиот најтрофеен тим се наоѓаше пред победнички императив. Ова му беше само втор успех во четвртиот дуел, по којшто и двете екипи сега имаат ист половичен ефект од по две победи и порази. Прв поентер на Работнички бепе Икониќ со 27 коша, 15 додаде Кнежевиќ, 13 уфрли Мираковски, а си по 10 поени придонесоа Колмен и Красиќ. Поразот на Лирија не успеа да го спречи триото Нешовиќ (19), Трајковски и Јелесиевиќ (со по 18 коша).
Четвртото коло уште вчера го отворија Кожув и Куманово. Гевгеличани славеа на свој паркет со 83-79..
