МВР

241 санкционирани возачи во Скопје

21.08.2022 09:22

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 33 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за управување под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 33 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за возач почетник, соопштуваат од МВР.