Руско-украински конфликт

Зеленски: Руската окупација на заземените територии е привремена

21.08.2022 09:40

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа. Украина го слави Денот на независноста на 24-ти август, што се совпаѓа со шест месеци од руската инвазија...

Русија ја обвини Украина дека нејзините вооружените сили извеле артилериски напад врз нуклеарната централа Запорожје со оружје со долг испорачано од западот. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери. Украинскиот претседател Зеленски, пак, осврнувајќи се на претстојниот ден на независноста на земјата, рече дека руската окупација на заземените територии е „привремена“. Украина го слави Денот на независноста на 24-ти август, што се совпаѓа со шест месеци од руската инвазија.

„Ни претстои денот на нашето знаме, денот на нашата независност, комеморацијата на воените ветерани за слободата на Украина. А претстои и украинската платформа. Оваа година ќе биде единствена; во воздухот можете да почувствувате дека окупацијата е привремена, а Украина се враќа. Сите ние мора да бидеме доволно силни да се спротивставиме на какви било непријателски провокации“, порача украински претседател , Володимир Зеленски.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш изјави дека организацијата соработува со САД и Европската унија за надминување на одредени пречки за руската храна и ѓубриво да стигнат до светските пазари.