Македонија

Првични резултати на ДИК за Тетово: Најмногу гласови освои Беса

21.08.2022 10:12

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК), шест партии влегуваат во новиот општински совет на Тетово. Најмногу гласови освои Беса – 9 620, потоа ДУИ 8 702, ВМРО-ДПМНЕ 3 332, СДСМ 1 953, Алтернатива 1 118 ДПА 1 058, и тие ќе имаат советници: Беса 12, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден.

Останатите учесници на изборите се без советници, а меѓу нив е и Алијанса за Албанците која освои 777 гласа, потоа ГИ – Ељмедина Абдуллахи 761, Левица со 646, ПЦЕР 371, ДПТМ 334, ГИ – Агон Заими со 206 и Интегра со 161 глас.

Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа. Според ова промени има кај Беса кои имаат четири советници повеќе, ДУИ со еден советник повеќе, ДПА која има еден помалку и Алијанса за Албанците која сега нема советници. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стануваат како претходно, со четири односно два советника.

Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник, а независните листи немаат претставник.

Излесноста во Тетово е 33,04 отсто.

Вчера се одржаа и избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, – во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3 340 гласачи од вкупно 3 395 кои го оствариле правото на глас, додека во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освои 3 266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 935 гласови.