Свет
Колумбија: Суспендирани наредбите за екстрадиција на бунтовниците
21.08.2022 10:27
Новиот претседател на Колумбија, Густаво Петро, ги суспендираше налозите за апсење и барањата за екстрадиција на членовите на левичарската герилска група армија за национално ослободување во обид да ги обнови мировните преговори за ставање крај на 60-годишната војна...

Новиот претседател на Колумбија, Густаво Петро, ги суспендираше налозите за апсење и барањата за екстрадиција на членовите на левичарската герилска група армија за национално ослободување во обид да ги обнови мировните преговори за ставање крај на 60-годишната војна.
Продолжувањето на мировните преговори е едно од главните предизборни ветувања на новоизбраниот колумбиски претседател, кој ја презеде функцијата на 7-ми август со ветувања за „целосен мир“ во земјата.
