Археолошките истражувања кај Мантово открија населба и воена тврдина од доцноантичкиот период
Истражувањата на археолошкиот локалитет „Трескавичка Чука“ кај езерото Мантово потврдуваат дека во овој регион имало организирано живеење во доцноантичкиот и рано византискиот период. Откриено е воено утврдување за одбрана на патната мрежа која била дел од Виа Игнација...

Во тек се археолошките истражувања на локалитетот „Трескавичка Чука“ во близина на езерото Мантово, Општина Конче. Се смета дека на оваа локација во доцноантичкиот и рано византискиот период имало воено утврдување во функција на одбрана на патната мрежа која го поврзувала струмичкиот и овчеполскиот регион, а била дел од Виа Игнација
Археолошките наоди до сега укажуваат дека на оваа локација организирано се живеело во периодот на доцната антика.
Досегашните археолошки истражувања на овој и на останатите локалитети укажуваат дека организираното живеење на територијата на Општина Конче е присутно во континуитет уште од времето на предисторијата. Тоа се должи, пред сè на позиционираноста до културните и економски центри и развиената патна инфраструктура.
Славица Величковска
