Енергетската криза и стравот од можни рестрикции ги загрижија битолчани
Можните рестрикции на струјата ги загрижи и битолчани, досега горделиви што одолеваа на сибирските зими во градот под Пелистер. Побарувачка за огревно дрво зголемена за 50 проценти. Оние кои немаат алтернатива ќе се греат на струја, а парното привилегија само за неколку колективни станбени комплекси...

Дури и на оние кој одолеваа на битолските сибирски зими енергетската и економската криза им создаваат несигурност каква грејна сезона ги очекува и колку ќе бидат топли нивните домови. Калкулациите велат дека многу домаќинства се откажуваат од загревање со пелети или електрична енергија. Онаму каде што нема можност да се примени алтернативата со огревно дрво, велат, веќе се применуваат мерките на штедење.
Годинава побарувачката на огревно дрво е за 50-десет посто зголемена. Ако лани само преку здружението на пензионери беа нарачани 6 000 метри кубни за оваа грејна сезона треба да се дистрибуираат 9.000 кубици. Иако досега се доставени над 40-сет посто од здружението со апел, пензионерите да не паничат огревното дрво навремено ќе го добијат.
Одамна беа времињата кога во Битола функционираше централното парно греење. Денеска тој благодат го имаат само неколку колективни станбени објекти, како резултат на одличната самоорганизираност.
Ромео Мицевски претседател на станбена заедница, вели благодарение на минатогодишната заштеда месечните издатоци ќе бидат помали но сепак доколку има рестрикции со електричната енергија ќе се почувствуваат проблемите во функционирање.
Стевче Митревски
