Македонија

Коалицијата на СДСМ доби градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, Беса повеќе гласови од ДУИ во Тетово

21.08.2022 13:34

СДСМ и коалицијата добија градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Беса освои повеќе гласови од ДУИ во Тетово, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има двојно повеќе советници од СДСМ. Изборниот ден помина мирно и без посериозни проблеми, оценка од државната изборна комисија. Течат роковите од 48 часа за приговори …

Коалицијата на СДСМ доби градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник. Во гласањето за советници, Беса освои повеќе гласови од ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ.

Роковите за приговори се 48 часа соопштија од државната изборна комисија.

Изборниот ден помина мирно и без посериозни проблеми оцени државната изборна комисија. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.

Ана Јосифоска Тодоровска