Македонија

Манифестацијата „Меден Радовиш“ за прв пат во градот

21.08.2022 13:37

Пчеларите од Радовиш и Конче го презентираа медот пред посетителите на тридневната манифестација за патронот на градот, Свети Спасо Радовишки. Очекуваат манифестација да прерасне во традиција, на која ќе се презентираат производите од целото поднебје...

Во склопот на одбележувањето на патронот на градот Радовиш, Св. Спасо Радовишки, оваа година е организирана и манифестацијата „Меден Радовиш“. За одбележување на празникот е предвидена богата програма, а од вчера на радовишкиот плоштад, пчеларите од Конче и Радовиш ги претставија пчелните производи.

Ова е можност за локална промоција на пчелните производи, вели младиот пчелар Даниел Василев, кој се надева дека манифестација од година во година ќе прерасне во традиција која ќе го презентира медот од целото поднебје кое нуди висока палета на пчелни производи

Програмата за одбележувањето на патрониот празник започна вчера на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ со промоција на локалните производи од мед, која е отворена во текот на целата манифестација и дефиле на близнаците од општината „Близнаци сме – свои сме“, па се до карневалска маска од Струмица „Пчелин рај“ и концерт на „Троја“.

Стојне Митева