Руско-украински конфликт

Русија: Киев изврши напад врз Запорожје

21.08.2022 14:45

Русија подготвува „грозен“ напад пред прославата на независноста на Украина, предупреди Зеленски. Москва и Киев повторно разменија нови обвинувања за гранатирањето на областа на нуклеарната централа во Запорожје...

Русија ја обвини Украина дека нејзините вооружените сили извеле артилериски напад врз нуклеарната централа запорожје со оружје со долг дострел испорачано од запад. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери.

Украинскиот претседател Зеленски, осврнувајќи се на претстојниот ден на независноста на земјата, рече дека руската окупација на заземените територии е „привремена“.

„Ни претстои денот на нашето знаме, денот на нашата независност, комеморацијата на воените ветерани за слободата на Украина. А претстои и украинската платформа. Оваа година ќе биде единствена. Во воздухот можете да почувствувате дека окупацијата е привремена, а Украина се враќа. Сите ние мора да бидеме доволно силни да се спротивставиме на какви било непријателски провокации“, порача Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украина го слави денот на независноста на 24-ти август, што се совпаѓа со шест месеци од руската инвазија.

„Загрижена сум од истекување од нуклеарната централа бидејќи таму се водат борби. Не знаеме што точно се случува таму, знаеме само она што се пишува. Ако дојде до протекување, ќе има евакуација“, вели бегалка од Запорожје.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, изјави-организацијата соработува со САД и Европската унија за надминување на одредени пречки за руската храна и ѓубриво да стигнат до светските пазари.

„Овој брод, во Черноморск ќе натовари повеќе од 50.000 тони жито, тоа е најголемиот товар што некогаш излегол од Украина по почетокот на војната“ изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Ќерката на рускиот идеолог Александар Дугин, за кого се верува дека има силно влијание врз Путин, загина во експлозија на автомобил во предградие на Москва. Наводно во автомобилот требало да биде и нејзиниот татко, потврдуваат информациите на социјалните мрежи. Пушилин, лидерот на прорускиот регион Доњецк, ги обвини украинските тајни служби за атентат, додека разузнавањето од Киев возврати: Дугин не е предмет на нашиот интерес. Дарија Дугина загина кога автомобилот што го возела, експлодирал на околу 20 километри западно од престолнината. Руските служби покренаа опсежна истрага за експлозијата на новинарката Дугина. Истражниот комитет на Русија потврди, убиството на Дугина било нарачано.

Марина Ристова