Македонија

Партиите со реакции по локалните избори во три општини во земјава

21.08.2022 17:23

Партиите излегоа со реакции по вчерашните локални избори во три општини во земјава. Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има загубено во бројноста на гласачкото тело за разлика од претходниот изборен циклус, велат во СДСМ. Ковачевски победува во општини каде што има само еден кандидат, велат во ВМРО ДПМНЕ. Беса е задоволна од 12-те освоени советнички места, Ахмети го призна поразот и се надева на натамошно инвестирање во развојот на демократијата...

По локалните избори во Тетово, Маврово-Ростуше и Центар Жупа и власта и опозицијата прогласија двојна победа. Едните за успехот на изборите за градоначалници, а другите за освоениот број на советници во советот на Тетово.

Во владејачката СДСМ вела,т Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубија двојно и во двете општини опозицијата доживеа дебакл. Од партијата посочуваат дека и во Тетово соодносот на бројот на советници на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ остана непроменет.

Владата на СДСМ е жестоко делегитимирана од огромен број на граѓани, велат во опозицијата. Односот на гласови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Тетово е два спрема еден, во советници е четири спрема два.

Во БЕСА потенцираат дека партијата во коалиција со жителите на градот се победници и затоа тетовци, ја заслужуваат посветеноста до крајот на мандатот“. Очекуваат стабилно мнозинство во советот.

Лидерот на ДУИ Ахмети го призна поразот и вели, и натаму да се продолжи со инвестирање во демократските стандарди, од изборните процеси до владеење на законот.

Маврово-Ростуше и Центар Жупа во третиот обид добија градоначалници. Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ и Беса, опозициски партии на централно ниво, обезбедија тесно мнозинство во советот.

Игор Панов