Тенис

Фаворитите сеуште на број

17.04.2014 09:46

Тениската понуда од Мастерс 1000-ката во Монте Карло богата со фаворитски настап. Сите носители кои се најдоа во третото коло, а безмалку сите се, денеска ќе играат за понатамошен престој на терените во кнежеството, од како и вчерашниот ден беше успешен за топ 10-ката.

Фоњини започна со славје, се надоврза експресно 4-тиот Федерер, како и светскиот број еден Надал, па тртиот Вавринка и осмиот Раониќ.

Денешниот ден во 10.30 ќе ни го отворат во меѓусебна пресметка 9-тиот и 10-тиот Цонга и Фоњини кои како носителски имиња ќе имаат најтесна борба за прогрес. По нив на црвеницата ги гледаме, Надал и елиминаторот на Јужни, Сепи. Федерер потоа влегува во дуел со Росол, Ѓоковиќ со Буста, се чини последниве двајца имаат налесна домашна, но и по она што значи распон на квалитет би требало носителските броеви да имаат главен збор. И Вавринка денеска ќе ја диши црвената прашина против шпанецот Алмагро, и Бердих шпанец има за противник Лопез. Од 8-те денешни мечеви само на два нема шпанец, на останатите шест да, вклучително и на дуелите во кој осмиот во Монте Карло, канаѓанецот Раониќ ќе спарингува со шпанецот Робредо, како и 6-то рангираниот Ферер(ШПА) со Димитров.

Стандардно како и предходните три дена, одиме во Монте Карло со слика и тон од сам старт, 10.30, на собраниски.