Македонија

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

21.08.2022 21:10

Неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово се причина Зијадин Села да поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците...

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села попладнево во Тетово поднесе оставка од функцијата.

Неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово се причина за неотповикливата оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците.

„Разговаравме околу настаната политичка ситуација после изборите во Тетово. Јас стојам на секој збор кој го имам кажано, а тоа е дека Тетово не е само една општина, Тетово не е само еден град, Тетово е повеќе од тоа, само еден град. Резултатите во Тетово навистина е дека се надвор од секое наше очекување во врска со Тетово и јас како претседател на партијата сум спремен да преземам одговорност и од овој момент преземам одговорност, давам неотповиклива оставка од претседател на партијата“, изјави Зијадин Села на денешната прес-конференцијата во седиштето во Тетово.

Во партијата ќе се направат анализи за резултатите од изборите, а дополнително Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата, најави Села.