ВМРО-ДПМНЕ: Двојна победа во Тетово, Ковачевски може да победува само со имагинарен противник
Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник...

ВМРО-ДПМНЕ целосно ја делегитимира СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите, соопштуваат од опозициската паратија.
Оттаму велат- победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција. Апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен.
Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник. Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да си поднесе оставка, стои во соопштението.
Од партијата дополнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на градоначалници и советници во советите на општините.
