Свет

Јужна Кореја и САД ги почнаа најголемите заеднички воени вежби

22.08.2022 09:26

Во маневрите учествуваат авиони, воени бродови, тенкови и десетици илјади војници. Вежбите треба да завршат на 1-ви септември.

САД и Јужна Кореја ги почнаа заедничките најголеми воени вежби од 2017-та „Улчи-штитот на слободата“. Во маневрите учествуваат авиони, воени бродови, тенкови и десетици илјади војници. Вежбите треба да завршат на 1-ви септември.

„Денешните војни се сосема различни од минатото. Непријателите сигурно ќе спроведат сајбер напади, ќе удрат по клучните индустриски бази и главните синџири за снабдување со суровини. Оваа вежба ќе биде почетна точка за владата да ја реорганизира својата подготвеност за итни случаи во согласност со променливите воени обрасци“, изјави Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.

И додека сојузниците вежбите ги опишуваат како одбранбени, Северна Кореја ги прикажува како проби за инвазија и ги користи за да го оправда својот развој на нуклеарно оружје и ракети кое годинава достигна рекордно ниво.

Јужнокорејска граѓанска група одржа митинг пред зградата на министерството за одбрана за да повика на итно прекинување на вежбите.