Оризот годинава на помали површини
Полупразните акумулации им ги сменија плановите на земјоделците. Оризопроизводителите не ќе можат да го реализираат очекуваното производство и размислуваат за садење на помали површини...

Почна сеидбата на оризот, но поради сушата желбите на производителите нема да се остварат.
Вода во акумулацијата има двојно помалку и од планираните 4.200, оризот ќе мора да се намали на 2.800 хектари.
Ова е помалку за 28 проценти, за сметка на другите житарици што ќе се зголемат за 35 насто.
Приоритет во распоредебата на водата ќе имаат повеќегодишните насадите и добиточната храна, а нема да се наводнуваат нивите на песокливите почви.
Земјоделците сепак се надеваат на дожд овој и следниот месец а п отопењето на снегот на планините, акумулациите ќе имаат доволно вода, за потребите на кочанскиот ориз.
Методија Трајков
