Србија
Вучиќ: Oд 1-ви ноември остануваме без руска нафта
22.08.2022 09:47
Алтернативната суровина – нафтата од Киркук, Ирак, е за 31 долар за барел поскапа од руската, и според Вучиќ ќе доведе до загуби во буџетот...

Србија од 1-ви ноември повеќе нема да може да увезува руска нафта- изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Додаде дека бара нови комерцијални складишта за да ги обезбеди резервите.
Вучиќ потенцира дека Србија ќе биде под санкции поради новите ограничувања на ЕУ за испораките на нафта со танкери од Русија. Досега таа се испорачуваше со танкери преку Јадранско Море, а потоа со гасовод преку Хрватска.
Алтернативната суровина – нафтата од Киркук, Ирак, е за 31 долар за барел поскапа од руската, и според Вучиќ ќе доведе до загуби во буџетот од 600 милиони долари годишно.
