Офанзивата продолжува, Зеленски со предупредување
Гранати повторно паднаа во близина на Запорожје и црноморското пристаниште Одеса. Обвинувањата на релација Москва-Киев продолжуваат, западните лидери бараат обезбедување на украинските нуклеарки.

Руските сили продолжија со офанзивата во неколку украински региони, додека претседателот Зеленски предупреди на можни посериозни руски напади пред 24 август- денот на независноста на Украина од советската власт.
Гранати повторно паднаа во близина на Запорожје и црноморското пристаниште Одеса. Обвинувањата на релација Москва-Киев продолжуваат, западните лидери бараат обезбедување на украинските нуклеарки.
Зеленски рече дека пораки се испратени до сите лидери, вклучително и турскиот претседател Ердоган и генералниот секретар на ОН, Гутереш.
Ердоган најави дека неделава планира да разговара со рсукиот колега Путин за ситуацијата во Запорожје. Тој изјави дека Турција ја врши својата посредничка улога во овој конфликт, бидејќи е единствената земја што ја има довербата од двете страни.
