Продолжува топлотниот бран во Кина
Метеоролозите очекуваат топлото време да се промени кон крајот на август. Локалните власти ширум Кина презедоа мерки за ублажување на штетите од сушата врз секојдневниот живот на луѓето и земјоделското производство.

Десетти ден црвен аларм за високи температури во јужна Кина. Продолжува топлотниот бран со температури над 40 степени во деловите на провинциите Шанкси, Сечуан и Жеџијанг и Чонгкинг.
Метеоролозите очекуваат топлото време да се промени кон крајот на август. Локалните власти ширум Кина презедоа мерки за ублажување на штетите од сушата врз секојдневниот живот на луѓето и земјоделското производство.
Кинескиот град Чонгкинг почна да го скратува работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран.
