Украина

Зеленски: Преговорите со Москва ќе бидат прекинати доколку Русија реши да им суди на заробените украински војници

22.08.2022 13:31

Реакцијата доаѓа во време кога медиумските извештаи сè погласно зборуваат за тоа дека се подготвува процес против украинските бранители...

Преговорите со Москва ќе бидат прекинати доколку Русија реши да им суди на заробените украински војници во Мариупол-дециден претседателот Зеленски. Реакцијата доаѓа во време кога медиумските извештаи сè погласно зборуваат за тоа дека се подготвува процес против украинските бранители.

„Доколку се случи ова, ако нашите луѓе се внесат на оваа сцена кршејќи ги сите договори, сите меѓународни правила, ако има злоупотреба, тоа ќе биде линијата над која се невозможни какви било понатамошни преговори со Русија. Сите партнери на Украина се информирани за сè што може да подготви оваа терористичката држава неделава“, вели Зеленски.

Зеленски рече дека за ова прашање разговарал со неговиот француски и турски колега, Макрон и Ердоган, како и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Ердоган најави дека неделава планира да разговара со Путин. Изјави дека Турција ја врши својата посредничка улога во овој конфликт, и е единствената земја што ја има довербата од двете страни. Претседателот Путин во обраќање најави дека Русија како моќна и независна сила на светската сцена ќе ги води само оние политики кои одговараат на нејзините фундаментални интереси.

„Русија е моќна, независна светска сила. Ние сме цврсти во фактот дека ги водиме само оние политики на меѓународната сцена кои одговараат на темелните интереси на татковината. Затоа, желбата да се живее според сопствената волја, да се избере сопствениот пат и да се следи, стана дел од генетскиот код на нашиот народ“, нагласи Путин.

На терен-нови гранати во близина на Запорожје и црноморското пристаниште Одеса. Руските сили продолжија со офанзивата во неколку украински региони. Обвинувањата на релација Москва-Киев продолжуваат. Западните лидери бараат обезбедување на украинските нуклеарки. Зеленски повика на внимателност, велејќи дека Москва може да се обиде „нешто особено грдо“ пред 24 август-Денот на независноста на Украина, и исто така половина година откако Русија ја започна својата инвазијата врз земјата.

Бојана Крстевски