Власта и опозицијата во клинч со бројките за освоени гласови
ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, а освои помалку гласови во Тетово од лани, тврдат од СДСМ. Од партијата не се за предвремени парламентарни избори. Владата на СДСМ е делегитимирана, став на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори…

Партиите од власта и опозицијата во клинч со бројките за освоените гласови во трите општини, користејќи ги како аргументи за тоа кој е реалниот победник на вонредните локални избори.
Во СДСМ сметаат дека во ВМРО-ДПМНЕ доживеале апсолутен пораз. Изгубија катастрофално во двете општини и тоа е доказ дека анкетите којшто ги нарачуваа се нерелевантни и нереални, порачуваат социјалдемократите. Не прифаќаат предвремени парламентарни избори. Велат, редовните се во 2024-та.
ВМРО-ДПМНЕ пак, го повика премиерот Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш. Само Собрание и Влада, како што велат, кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот, може да носат одлуки и решенија за излез од кризите во кои потона државата. Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ имаат 16 советници во тетовскиот совет. Велат дека ќе имаат стабилно мнозинство за ефикасно функционирање на советот на локалната самоуправа.
Игор Панов
