РКЕ

Повисокa ценa на горивата од полноќ

22.08.2022 14:18

Од полноќ, бензинот од 95 октани ќе се продава за 89 денари за литар, бензинот од 98 октани за 91,5. Новата цена на дизелот е 93,5 денари за литар, а на екстра лесното 90 денари...

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното за денар и половина, мазутот поевтинува. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка.

Од полноќ, бензинот од 95 октани ќе се продава за 89 денари за литар, бензинот од 98 октани за 91,5. Новата цена на дизелот е 93,5 денари за литар, а на екстра лесното 90 денари. Мазутот ќе се продава за 51,68 денари за килограм.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 0,46 проценти.