Денеска во Женева ќе се разговара за смирување на кризата во Украина
Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков соопшти дека украинските сили убиле тројца, а раниле 13 напаѓачи на истокот на земјата. Според првите податоци, приведени биле 63 лица. Според Аваков нападот се случил во текот на ноќта и во него учествувале околу 300 лица вооружени со пушки и со молотови коктели.

Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков соопшти дека украинските сили убиле тројца, а раниле 13 напаѓачи на истокот на земјата. Според првите податоци, приведени биле 63 лица. Според Аваков нападот се случил во текот на ноќта и во него учествувале околу 300 лица вооружени со пушки и со молотови коктели. Во меѓувреме, шефовите на дипломатиите на Русија, Украина, САД и ЕУ денеска во Женева ќе се обидат да изнајдат начин за смирување на кризата во Украина во чиишто источни делови бунтовниците зазедоа неколку јавни згради, а киевските власти се обидуваат да ја вратат контролата.
