Македонија
Советот на јавни обвинители в среда ќе ја разгледува жалбата на Русковска
22.08.2022 14:47
Претседателот на Советот, Јолевски за МТВ рече дека ги добиле актите од републичкиот обвинител Љубомир Јовески за суспензијата. Русковска и Јовески нема да бидат на присутни.

Советот на јавни обвинители за в среда ја закажа седницата на која ќе ја разгледува жалбата на обвинителката Вилма Русковска за нејзината суспензија.
Претседателот на Советот, Јолевски за МТВ рече дека ги добиле актите од републичкиот обвинител Љубомир Јовески за суспензијата. Русковска и Јовески нема да бидат на присутни.
По поднесувањето на жалбата, Русковска рече дека ги побива наводите во решението и дека тоа не е нејзина суспензија, туку суспензија на правото и правдата во државата.
