Имунизација

Има интерес за вакцинација против Ковид-19, најмногу за четврта доза

22.08.2022 16:25

Новиот бран на коронавирусот ги плаши граѓаните. Лекарите велат дека повозрасните и луѓето со придружни болести доаѓаат да примат и четврта доза. Некои, пак, на пунктовите доаѓаат по првпат…

И покрај летните одмори, има интерес за вакцина против Ковид-19. Граѓаните доаѓаат на пунктови, особено повозрасните и хронично болните. Стравуваат од големиот број заразени со коронавирусот. Некои од нив се имунизираат прв пат, некои повеќе пати, но најмногу од оние кои доаѓаат се за да примат четврта доза вакцина.

Од поликлиниката „Јане Сандански“ велат дека од викендов вакцинираат и деца над 6 години со вакцината на Модерна. Четврта доза може да примаат сите лица над 18 годишна возраст коишто примиле трета доза вакцина против Ковид-19. Надлежните со апел до граѓаните да се вакцинираат.

Бројот на заразени постепено се намалува. Во моментов бројот на активни случаи заболени од Ковид-19 во земјава е над 3.000. Најголемиот дел од нив се од главниот град.

Ана Јосифоска Тодоровска