Македонија
Мијалков се пријавил во струшкиот затвор
22.08.2022 16:29
Пресудата му беше изречена на 8-ми јули, откако тој призна вина и се спогоди во обвинителството за времетраењето на затворската казна и за конфискација на пари и имот, во вредност од околу 36 милиони евра.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пријавил во струшкиот затвор за издржување на тригодишната казна за случајот „Империја“. Пресудата му беше изречена на 8-ми јули, откако тој призна вина и се спогоди во обвинителството за времетраењето на затворската казна и за конфискација на пари и имот, во вредност од околу 36 милиони евра.
Откако ја промени адресата на живеење, Мијалков казната ќе ја одлежува во струшкиот затвор, кој е од полуотворен тип.
Таму се наоѓа и бизнисменот Орце Камчев, кој е осуден за истиот случај.
