Претседателски избори во Алжир

17.04.2014 10:01

Во Алжир денеска се одржуваат претседателски избори на коишто фаворит е досегашниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика. Повеќе од 260 000 полицајци денеска се распоредени низ целата земја за да обезбедат безбедно гласање за 23 милиони гласачи на 50 000 избирачки места.

„Да, јас ќе гласам за Бутефлика бидејќи другите кандидати сакаат насилство, а ние сакаме мир. Знаеме дека постои корупција во Алжир и луѓе коишто го крадат богатството, но ние се справуваме со тоа“. - изјава на граѓанин

Аналитичарите очекуваат да победи Бутефлика, којшто се кандидира по четврти пат, и покрај тоа што поради болеста не изгледа дека е во состојба да владее со земјата.