Локални избори

Течат роковите за приговори до ДИК

22.08.2022 17:13

Доколку има приговори, ДИК би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа дали ќе има тужби до Управниот суд.

Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и во Тетово. По објавувањето на првичните, неофицијални резултати од Државната изборна комисија, следува процесот на поднесување приговори, прво за постапката за гласање, а потоа и за објавувањето и сумирањето на резултатите.

Доколку има приговори, ДИК би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа дали ќе има тужби до Управниот суд.

Според првичните резултати, нов градоначалник на Центар Жупа е единствениот кандидат Аријан Ибраим, а на Маврово-Ростуше кандидатот на СДСМ, Медат Кутровски.  За советот на Тетово, најмногу мандати освои Беса, вкупно 12, по следуваат ДУИ со 11, ВМРО-ДПМНЕ со четири и СДСМ со два мандата, а по еден мандат имаат Алтернатива и ДПА.