АХВ
Нема нови жаришта на африканска свинска чума
22.08.2022 17:27
Од Aгенцијата за храна и ветеринарство велат дека во заштитните зони од три километри и во зоните под надзор во радиус од 10 километри околу жариштата се спроведуваат потребните мерки.

Нема нови жаришта на африканска свинска чума, состојбата е под контрола, констатирано на првата седница на координативното тело за справување со болеста.
Досега се убиени над 1.300 свињи. Од Aгенцијата за храна и ветеринарство велат дека во заштитните зони од три километри и во зоните под надзор во радиус од 10 километри околу жариштата се спроведуваат потребните мерки.
Ќе се формира интервентен наменски фонд. Надлежните уверуваат дека ќе продолжи исплатата на сточарите за одземени и угинати свињи.
