„Мими“ во фокус на третата фестивалска вечер на „Браќа Манаки“
Македонскиот долгометражен филм „Мими“ ја одбележа третата фестивалска вечер на 43-то издание на „Браќа Манаки“. Режисерот раскажа дека идејата за остварувањето, кое е работено во екот на пандемијата, долго тлеело…

Македонскиот долгометражен филм „Мими“ кој е и во официјална конкуренција на фестивалот „Браќа Манаки“ синоќа ја одбележа третата фестивалска вечер. Филмот кој премиерно се прикажа кај нас обработува една непопуларна тема, копнежот по мајчинството на главниот лик Мими која ги напушта родителите и болното минато од родното место за да студира и работи во Скопје.
Режисерот Даријан Пејовски вели дека на реализацијата на идејата долго се работеше, а се снимаше во екот на пандемијата. Задоволен е од првите реакции на публиката и критиката.
Без непосредна соработка со актерите не може да има успешен краен резултат, вели директорот на фотографија Дејан Димески. За него, најголем предизвик било светлото за да се долови вистинскиот амбиент во становите каде снимале.
На тандемот Пејовски-Димевски ова му е трето заедничко филмско остварување. Во Битола го имаше третото фестивалско претставување. На 7-ми јули овој македонски филм го отвори Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Стевче Митревски
