Македонија
Невреме и обилни врнежи во Виница, поплавени околу 40 објекти
22.08.2022 18:12
Сообраќајот во градот е нормализиран, освен на булеварот на влезот на Виница информира градоначалникот Миле Петков...

Силно невреме со обилен дожд попладнево ја зафати Виница. Пријавени се поплави во четириесеттина приватни објекти, каде интервенираат екипи на противпожарните единици на Виница и Кочани и комуналното претпријатие „Солидарност“.
Сообраќајот во градот е нормализиран, освен на булеварот на влезот на Виница информира градоначалникот Миле Петков кој најави дека од утре ќе се врши процена на штетите предизвикани од денешното невреме.
