Македонија

МЗШВ: Зголемување од 30% на откуната цена на грозјето

22.08.2022 18:20

Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето, информираат од Министерството за земјоделство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претставниците на здруженијата на лозари и винариите одржа состанок на кој се разговараше за овогодинешната откупна цена на грозјето.

По денешните долги и исцрпни консулатиции, потигнато е зголемување од 30% на откупната цена. Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето, информираат од Министерството за земјоделство.

Од Министерството нагласуваат дека во последниве 10 години стабилизирано е домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри. Веќе трета година по ред се бележи и континуиран раст на извозот на вино како во количина така и во вредност.