Свет

Милиони ученици на Филипините се вратија во училиштата после две години

22.08.2022 19:28

Властите во земјата се соочуваат со недостаток на простории за настава, но и со страв кај луѓето од вирусот и оштетени училишни згради поради земјотресот што го потресе северниот дел на земјата.

Милиони ученици на Филипините се вратија во клупите, за првпат по две години откако училиштата беа затворени поради коронавирусот.

Властите во земјата се соочуваат со недостаток на простории за настава, но и со страв кај луѓето од вирусот и оштетени училишни згради поради земјотресот што го потресе северниот дел на земјата.

Се верува дека поради долготрајниот прекин на наставата, е влошена е состојбата со писменоста на децата во земјата.