Финската премиерка негативна на тестот за дрога по видеото на кое се забавува
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.

Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на приватна забава.
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.
Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.
На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.
Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот.
Како поддршка за премиерката на Финска, жени масовно објавуаат видеа на интернет на кои танцуваат и се забавуваат.
