Шиповиќ екстрадиран во Македонија

22.11.2013 16:43

Мирослав Шиповиќ, претседавачот со скопски Центар,  осомничен во случајот ,,Машинопромет,, е екстрадиран во Македонија. Ноќеска, со последниот лет на релацијата Виена- Скопје тој е донесен во земјава и од од аеродромот Александар Велики е префрлен во истражниот затвор во Шутка.

Австриската полиција го приведе Мирослав Шиповиќ на 15-ти октомври на аеродромот во Виена откако по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е првоосомничен за злоупотреба на службената положба во фирмата ,,Машинорпомет,,. Во периодот од 2008 до 2011 членовите на управниот и надзорниот одбор на Машинопромет, кој бил во стечај, спротивно на судската наредба за располагање со имотот, неколкукратно ги намалиле цените на залихите, дел и ги отпишале,  со што направиле штета од над милион евра и на фримата и на буџетот. Во Машинопромет откриено е и водење двојна евиденција. Заедно со него се осомничени уште 11-мина. Апсењето на Шиповиќ предизивка политички реакции меѓу кои и таа кога СДСМ ја замрзна работата во собраниската комисија за расветлување на ланските собраниски инциденти.. Опозицијата во акцијата председавач виде обид на власта да се блокира работата на  општина Центар.